Tevfik Durul
31 Јануари 2017•Ажурирај: 01 Февруари 2017
ПЕКИНГ (AA) - Кина се подготвува за истражување на Марс и на Јупитер, јавува Anadolu Agency (AA).
Ву Јенхуа, заменик- директор на кинескиот Меѓународен оддел за вселена потврди дека првата мисија ќе биде спроведена во 2020 година.
Според неговите зборови, во рамките на втората мисија во план е да се соберат примероци од површината на Марс и на тој начин да се истражи географската структура. Ву појасни дека проектите и истражувањето ќе бидат заведени во научниот календар.
Со зајакнувањето на воздушната и вселенска индустрија, Владата на Пекинг има за цел до 2030 година да стане „вселенска сила“.