Gamze Türkoğlu Oğuz
19 Јуни 2018•Ажурирај: 20 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Изворот на мистериозните карпести формации на Марс, можно е да бидат вулканските ерупции кои исфрлаат гасови, карпи и пепел, вели едно истражување објавено во списанието „Journal of Geophysical Research: Planets“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во ова истражување, фокусот е ставен на големите и извонредно меки карпи во близина на екваторската линија на Црвената планета.
Во истражувањето се тврди дека формацијата наречена „Medusae Fossae“, е формирана пред 3 милијарди години на Марс, за време на вулканските ерупции.
Се вели дека оваа формација опфаќа една петтина од површината на САД и дека е 100 пати поголема од најголемата вулканска формација на Земјата, и дека ова откритие би можело да обезбеди повеќе информации околу внатрешниот дел на Марс и животниот потенцијал на оваа планета во минатото.
„Ова е една огромна формација не само на Марс туку и во Сончевиот систем“, истакна Лујендра Ојха, научник од Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во врска со формацијата „Medusae Fossae“.