Sayed Khodaberdi Sadat
27 Декември 2017•Ажурирај: 27 Декември 2017
МЕЗАР-И ШЕРИФ (АА) - Најмалку петмина работници загинаа во рударска несреќа што се случи во северниот дел на Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Несреќата се случила во рудникот за црн јаглен во Саманган, а портпаролот на канцеларијата на гувернерот на тој регион, Сидик Азизи, соопшти дека горски удар (придвижување на почвата) предизвикал уривања во рудникот.
Истиот извор објави дека спасувачките екипи спасиле четворица рудари, а извлечени се телата на петмина загинати.
Спасувачките екипи сѐ уште трагаат по телото на уште еден рудар кој останал заглавен во јамата.