AP
27 Декември 2017•Ажурирај: 27 Декември 2017
МОСКВА (АА) - Руските истражни органи соопштија дека поранешниот сопственик на фабрика за чоколади во Москва убил чувар и повредил уште три лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Комитетот за истрага наведе дека поранешниот сопственик на фабриката се препирал со новиот, а потоа го застрелал со пушка.
Московската полиција ги демантираше претходните медиумски извештаи според кои поранешниот сопственик на фабриката зел неколку лица како заложници. Во соопштението на полицијата се вели дека осомничениот влегол во просториите на фабриката и дека сѐ уште не е лоциран.
Илја Аверјанов се јавил на една радио станица и рекол дека се брани од банда која во конспирација со московското обвинителство сака да му го одземе имотот. Во таа пригода нагласил дека ќе се бори до крај.
Истражните органи не се огласија по повод овие наводи на поранешниот сопственик на фабриката.