Elvir Hociç
27 Декември 2017•Ажурирај: 28 Декември 2017
БЕРЛИН (АА) - Најмалку 27 лица беа повредени синоќа на реката Рајна во германскиот град Дујсбург откако патнички брод удри во столб на вијадукт, јавува Anadolu Agency (AA).
Швајцарскиот брод „Swiss Crystal“ (Свис Кристал) доцна синоќа пловејќи по Рајна удри во еден од столбовите на вијадуктот по кој поминува автопатот А42 во германскиот град Дујсбург.
Од силниот удар оштетен е лакот на вијадуктот, а на бродот се наоѓале најмалку 130 патници од Белгија, Холандија и од Луксембург.
Полициските службеници објавија дека 27 патници се префлени во болница, вклучително и четворица сериозно повредени лица.
Автопатот на кој се случи несреќата привремено беше затворен за сообраќај, а инженерите ќе ја проверат штетата на вијадуктот.
Бродот „Swiss Crystal“ плови од 1995 година. Долг е 101 метри и е во сопственост на швајцарската компанија „SCYLLA“.