Onur Usta
19 Септември 2016•Ажурирај: 20 Септември 2016
ПАРИЗ (АА) - Со цел да се пробие блокадата во Газа, формирана е меѓународна граѓанска иницијатива „Коалициска флота за слобода“. Еден брод од оваа флота денеска пристигна на Корзика, во Франција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според писменото известување дадено на интернет-страницата на граѓанската иницијатива, еден од двата брода што тргнале од Барселона утрово, пристигнал на пристаништето Ајачо на Корзика. Поради технички проблем, вториот брод се вратил во Барселона.
Во известувањето се наведува дека цел на флотата формирана од жени е да се привлече вниманието за важноста од постоењето на жените во Центарот за борба за слобода на Палестина.
- Четиринаесет народи, петнаесет жени -
На бродот се наоѓаат жени од различни страни на светот, како што се Турција, Канада, Мексико, Шпанија, Норвешка, САД, Австралија. Невладините организации коишто претходно беа спречени од страна на израелските војници, овој пат ѝ дадоа поддршка на „Коалициската флота за слобода“ и се надеваат дека благодарение на „моќта на жените“ ќе успеат во својата цел.
Се очекува бродовите од флотата во Газа да пристигнат во првата недела од октомври.
Првата помош за окупираната Газа пристигна по копнен пат, во 2009 година, во три одделни конвои. Во 2010 година, и хуманитарната организација „Вива Палестина“ влезе во подрачјето на Газа.
Во 2010 година, заедничкиот проект „Флота за слобода на Газа“ на меѓународната невладина организација „Движење за слобода на Газа“ и Хуманитарната организација за човекови права и слободи (ИХХ) беше нападнат од израелската војска. Во нападот што израелската војска го изведе на 31 мај 2010 година, врз бродот „Мави Мармара“ којшто беше дел од флотата и превезуваше повеќе од 500 лица, загинаа 9 лица, а 56 лица беа повредени.