Mustafa Güçlü
19 Септември 2016•Ажурирај: 20 Септември 2016
ШАНЛИУРФА (АА) – Американското знаме стои закачено на царинската зграда во месноста Тел Абјад, која е под контрола на ПЈД, продолжената рака на ПКК. Американското знаме може да се види дури од месноста Акчакале во Шанлиурфа, Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Претходниот ден беа отстранети трите амарикански знамиња што беа поставени на зградата во која се наоѓаат голем број милитанти, припадници на ПКК/ПЈД.
На 2. септември, западно од реката Еуфрат, во областа Мунбич биле поставени американски знамиња и во селото Рафи, каде што има голем број милитанти, припадници на ПКК/ПЈД.
Локални извори тврдат дека терористите го користат американското знаме како „штит“.