Ekipa
19 Септември 2016•Ажурирај: 20 Септември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Властите во Њујорк се во потрага по 28-годишниот Ахмад Кан Рахамијен, осомничен за поврзаност со бомбашкиот напад во близина на Челзи, Менхетен, во кој беа повредени 29 лица, соопштија од полициската станица во Њујорк.
Полицијата во Њујорк објави на социјалната мрежа Твитер дека властите трагаат по Ахмад Кан Рахамијен (28), натурализиран државјанин на САД, по потекло од Авганистан.
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, рече дека напаѓачот најверојатно е вооружен и опасен.
Де Бласио ја окарактеризира експлозијата во градот како планиран злочин, и изјави дека не е утврдена поврзаност со меѓународниот тероризам.
Во бомбашкиот напад на Менхетен беа повредени 29 лица. Недалеку од местото на настанот е пронајденa уште една експлозивна направа којашто не беше активирана.
Официјалните лица испитуваат дали тие две експлозивни направи се поврзани со уредот, кој експлодира за време на хуманитарната трка во Њу Џерси истиот ден.