Murat Ünlü
27 Јануари 2016•Ажурирај: 28 Јануари 2016
ПАРИЗ (АА) - Шефот на француската дипломатија Лорент Фабиус трврди дека специјалниот пратеник на Обединетите Нации Стефан де Мистура му кажал дека на курдската милитантна група ПЈД не и е пратена покана за мировните преговори во Женева, јавува Anadolu Agency (AA).
Фабиус, во интервју за радио "France Culture" истакнал дека Обединетите нации ги испратило поканите на учесниците во претстојните мировни преговори за Сирија, кои ќе започнат н а29 јануари во Женева, а дека не е пратена покана до ПЈД, која е сириски огранок на терористичката организација ПКК.
Додаде дека опозициската делегација ќе ја предводат претставниците на сириската опозиција чие седиште е во Ријад, но дека е можно да се појават и претставници на други групи.
Турција како еден од посредниците во преговорите од почетокот на најавите за мировните преговори во Женева остро се противи за евентуално учество на групата ПЈД
Шефот на турската дипломатија вчера во Стразбур изјави дека Турција би ги бојкотирала престојните преговори доколку за преговарачка маса седнат претставниците на терористичката група ПЈД.