Adem Şalvarcıoğlu
03 Јануари 2018•Ажурирај: 04 Јануари 2018
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Информативно-комуникацискиот орган за развој на медиуми (ИМДА) на Сингапур воведе забрана за прикажување на документарен филм кој го раскажува конфликтот меѓу Палестина и Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Во образложението што го даде ИМДА се наведува дека на филмскиот фестивал, чие свечено отворање е закажано за 4 јануари, нема да биде прикажан очекуваниот документарен филм „Отсјајот на отпорот” во кој низ очите на две млади палестински девојки е претставен палестинско-израелскиот судир.
ИМДА смета дека во филмот, претставувањето на судирот меѓу Палестина и Израел низ очите на палестинските девојки не може да биде објективен, додавајќи дека се забранува негово прикажување на јавни места и се забранува умножување на филмот.
Во образложението дадено од страна на ИМДА се наведува дека во филмот, во кадрите на судирите постојат ликови кои можат да бидат имитирани и затоа филмот може да биде причина за поттикнување на бунтовниците.
Филмот е во режија на Џеси Робертс, а во него е прикажан животот на Палестинците под окупација на Израел.