Ata Ufuk Şeker
03 Јануари 2018•Ажурирај: 03 Јануари 2018
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) упати апел до сите страни за избегнување на насилството на протестите во Иран, пренесува Anadolu Agency (AA).
Европската служба за надворешни работи (EEAS) објави соопштение околу протестите и насилните настани во Иран, во кое се наведува дека ЕУ внимателно ги следи овие протести и порастот на насилствата на протестите.
„Прашањето за човековите права секогаш е главна тема во односите помеѓу ЕУ и Иран. Мирните протести и слободата на изразувањето се основните права во секоја земја, а Иран не е исклучок“, се вели во соопштението и се нагласува дека ЕУ е во контакт со иранските власти.
„Го повикуваме сите релевантни страни да го избегнуваат насилството и да обезбедат слобода на изразување. ЕУ ќе продолжи да ја набљудува состојбата“, се наведува во соопшението на ЕУ.
Незадоволни од економската ситуација во Иран, демонстрантите во градот Мешхед започнаа да протестираат на 28 декември, а протестите брзо добија антивладин карактер и се проширија и во другите градови низ земјата.
Според соопштеното, во протестите загинале најмалку 23 лица, а над 500 демонстранти се приведени ширум земјата.