Betül Yürük
03 Јануари 2018•Ажурирај: 03 Јануари 2018
ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (АА) - Од Обединетите нации (ОН) во врска со протестите во Иран, кои сѐ уште траат, истакнаа дека треба да се почитува правото на мирен собир и правото на изразување на иранскиот народ, јавува Anadolu Agency (AA).
Фархан Хак, еден од портпаролите на Генералниот секретар на ОН, на дневниот брифинг за медиумите нагласи дека генералниот секретар, Антонио Гутереш, внимателно ги следи протестите во Иран и дека се оценува прашањето за реализирање средби со владата на Иран или со други инстанци.
Хак рече дека во ОН се разговара околу тоа кои средби ќе бидат покорисни, и истакна дека се надеваат оти насилните настани ќе престанат.
„ОН очекува да се почитува правото за мирен собир и слободата за изразување на народот на Иран“, додаде тој.
Незадоволни од економската ситуација во Иран, демонстрантите во градот Мешхед започнаа да протестираат на 28 декември, а протестите брзо добија антивладин карактер и се проширија и во другите градови низ земјата.
Според соопштеното, во протестите загинаа најмалку 23 лица, а над 500 демонстранти се приведени ширум земјата.