Riyaz Khaliq Khaliq
21 Мај 2024•Ажурирај: 21 Мај 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку еден патник загина, а повеќемина се повредени откако летот на „Сингапур ерлајнс“ од Лондон до Сингапур наиде на силни турбуленции, соопшти компанијата, јавува Анадолу.
Се наведува дека летот SQ321, кој сообраќал од аеродромот „Хитроу“ во британскиот главен град до Сингапур синоќа и превезувал 211 патници и 18 членови на екипажот, „наиде на силни турбуленции“.
„Авионот е пренасочен кон Бангкок (Тајланд) каде што и слета во 15:45 часот по локално време денес“, се вели.
„Можеме да потврдиме дека има повредени и еден смртен случај во Боингот 777-300ER“, соопштија од компанијата.
Компанијата не го прецизираше бројот на повредени патници, а извештаите тврдат дека повеќе од 30 лица од авионот се повредени и се на лекување во Бангкок.