Zehra Ulucak
22 Август 2017•Ажурирај: 23 Август 2017
СИНГАПУР (АА) - Пронајдени се телата на неколкумина морнари кои исчезнаа откако вчера, во територијалните води на Сингапур, американскиот воен брод „Џон С. Меккејн“ се судри со танкер, јавува Anadolu Agency (AA).
Американската пацифичка флота објави дека телата на неколкумина морнари се пронајдени во близина на протокот Малак.
Командантот на американската пацифичка флота, Скот Свифт, за медиумите изјави дека едно тело е пронајдено од страна на малезиските екипи, а во тек е процесот на идентификација.
„Нуркачите за време на денешната акција успеаја да ја откријат локацијата на одделни тела во запечатените делови. Ќе ја продолжиме акција за спасување сѐ додека постои можност да ги пронајдеме морнарите“, рече Свифт.
Покрај екипите на САД, по исчезнатите американски војници трагаат и екипи од Сингапур и од Малезија.
Десет морнари исчезнаа, а петмина беа повредени откако еден американски разорувач се судри со танкер источно од Сингапур. Разорувачот „Џон С. Меккејн“ се судри со 183 метри долгиот танкер „Алник МЦ“ (Alnic MC).