Selçuk Acar
27 Февруари 2017•Ажурирај: 28 Февруари 2017
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - Во театарот Долби во Холивуд синоќа беше доделена наградата „Оскар“ на Академијата за филмски уметности, јавува Anadolu Agency (AA).
Церемонијата, којашто се смета за најпрестижна во светот на филмот, започна со песната на Џастин Тимберлејк „Can’t Stop The Feeling“, а домаќин беше Џими Кимел.
Филмот „Ла Ла Ленд“ освои најмногу Оскари, шест, а имаше номинации во 14 категории.
За најдобар филм е прогласен „Месечина“ (Moonlight), откако беше исправен пропустот на презентерите Ворен Бити и Феј Данавеј, кои, како што се претпоставува, ги прочитале резултатите од погрешен коверт.
Улогата во филмот „Манчестер покрај море“ му донесе Оскар за најдобра музичка главна улога на Кејси Афлек, додека актерката Ема Стоун за улогата во филмот „Ла Ла Ленд“ е прогласена за најдобра актерка во главна улога.
Демиен Шазел со филмот „Ла Ла Ленд“ освои Златна статуетка за најдобар режисер.
Махершала Али, кој глумеше во филмот „Месечина“, освои Оскар за најдобра споредна музичка улога и со тоа стана првиот актер муслиман на кој тоа му појде од рака. Улогата во филмот „Огради“ (Fences) на Виола Дејвис ѝ донесе Оскар за најдобра споредна женска улога.
Во категоријата најдобар странски филм, Оскар доби иранскиот филм „The Salesman“ (Трговски патник) на режисерот Асгар Фархад.
За најдобар долгометражен документарен филм е прогласен „O.Џеј: Произведено во Америка“ (O.J.: Made in America) на режисерот Езра Еделман, кој наградата ја посвети на жртвите на полициското насилство и расизмот.
„Белите шлемови“ е прогласен за најдобар краткометражен филм.
Оскар за најдобар звук, по 21. номинација доби Кевин О’Конел, и тоа за филмот „Гребен на спасот“ (Hacksaw Ridge).