Mahmoud Barakat
17 Септември 2018•Ажурирај: 17 Септември 2018
РИЈАД (АА) - Кината во Саудиска Арабија оваа недела за првпат ќе прикажат египетски филм по 35-годишната забрана на јавните кина, јавува Anadolu Agency (AA).
Во филмот под наслов „Ал Бадла“ или „Костим“, чие прикажување е закажано за в четврток, игра познатиот египетски пејач и актер Тамер Хусни.
Во февруари, Саудиска Арабија ја повлече 35-годишната забрана за јавни кина, што предизвика различни реакции од саудиските граѓани.
Додека некои сметаат дека потегот ќе придонесе за економијата, други го гледаат како уште еден знак за наметнување на влијанието на Западот врз конзервативното Кралство.
Саудиските власти ги забранија јавните кина во средината на 1980-тите години.
Повлекувањето на забраната е дел од пакетот реформи претставен од кралот Селман бин Абдулазиз, кој минатата година ја соопшти и неговата одлука да им се дозволи на жените да возат, потег кој стапи на сила во месец јуни.