култура и уметност

Отворена изложба на фотографии наградени на "Istanbul Photo Awards 2018"

Фотографијата на годината „Дете", на фоторепортерот Дамир Шагољ е поставена на најистакнатото место на изложбата.

Yasemin Kalyoncuoğlu  | 14.09.2018 - Обновена : 15.09.2018
Отворена изложба на фотографии наградени на "Istanbul Photo Awards 2018"

Ankara

АНКАРА (AA) - Во Анкара е отворена изложба на фотографии наградени на натпреварувањето "Istanbul Photo Awards 2018" одржано во март оваа година во организација на Anadolu Agency (AA).

Заменик генералниот директор и главен и одговорен уредник на Anadolu Agency (AA) Метин Мутаноглу на отворањето на изложбата на фотографии рече дека на изложбата се застапени најдобрите фотографии од четвртото по ред натпреварување „Istanbul Photo Awards".

„Anadolu Agency е вистинската адреса кога се во прашање вести, фотографии и видео записи, но сакаме да бидеме уште поефикасни кога станува збор за фотографиите. Целта ни е посебно младите луѓе повеќе да се заинтересираат за фотографијата. Исто така, целта е младите луѓе да ја посетат изложбата, внимателно да ги погледнат деталите од фотографиите и да го увидат и самото значење на уметноста на фотографијата", рече Мутаноглу.

Истакна дека фотографиите привлекле големо внимание не само во Турција туку и во светот, додавајќи дека ваквите натпреварувања се многу добри можности за фотографи од целиот свет.

„Istanbul Photo Awards константно напредува и постигнува многу значаен престиж", рече Мутаноглу потсетувајќи дека на натпреварите на фотографии учествуваат фотографи од целиот свет.

Напомена дека оваа година пристигнале околу 37 илјади фотографии од 125 земји, додека се наградени 27 фотографи од 22 земји.

„Тука на изложбата имаме 80 фотографии. Ова се најдобрите фотографии во 2018 година. Натпреварувањето го организираме во осум категории. За најдобра фотографија на годината избрана е фотографијата 'Дете' на фоторепортерот на новинската агенција Ројтерс, Дамир Шагољ. Многумина фотографи исто така и во други категории привлекле внимание на натпрреварувањето на фотографите", рече Мутаноглу.

Главниот уредник на визуелните вести на АА, Ахмет Сел, изјави дека Istanbul Photo Awards е „престижно натпреварување" на кое секоја година учествуваат фотографи и фоторепортери од свелиот свет.

„Имаме многу квалитетен жири. Се работи за жири кој го сочинуваат луѓе кои имаат висок авторитет на меѓународно ниво", рече Сел.

Истакна и дека фотографијата на годината „Дете" на фоторепортерот Дамир Шагољ е поставена на најистакнатото место на изложбата, потсетувајќи дека се работи за многу емотивна фотографија која Шагољ ја направил за време на престој во камповите на мјанмарските бегалци во Бангладеш, а на која се гледа ликот на мртво момче чии очи се прекриени со лисје.

„Не постои подобар начин како да се опише смртта. Лицето на детето никако не се гледа. Прекриено е со зелено лисје. Заклучивме дека 'зеленото лисје опишува почеток на еден живот, но истовремено опишува и смрт.' Тоа многу не допре", рече Сел.

На крајот истакна дека натпреварувањето "Istanbul Photo Awards" претставува голем предизвик и мотивација за многумина фоторепортери ширум светот за да ги претстават своите дела на глобално ниво.

Изложбата во Анкара, на која се изложени сите 80 наградени фотографии од "Istanbul Photo Awards 2018", ќе трае до 14 октомври.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.