Merve Aydoğan
11 Септември 2018•Ажурирај: 12 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Во Анкара во четврток, на 13 септември, ќе биде отворена изложба на фотографии, наградени на „AA Istanbul Photo Awards 2018“, меѓународниот натпревар за фотографии, што го организираше Аnadolu Agency (AA).
Официјалните спонзори на меѓународниот натпревар беа Град Истанбул, „Туркиш ерлајнс“ и Турската агенција за меѓународна соработка и координација (ТИКА), а на изложбата во Анкара ќе се најдат 80 наградени фотографии. Изложбата ќе биде отворена на 13 септември во трговскиот центар ATG, а сите заинтересирани фотографиите ќе можат да ги погледнат во текот на наредните 30 дена.
Меѓународното жири оваа година најдобрите ги одбра меѓу 37.000 фотографии пристигнати од 125 земји. Наградени се вкупно 27 фоторепортери од 22 земји.
За најдобра фотографија на годината е избрана фотографијата „Дете“ на босанскохерцеговскиот фоторепортер Дамир Шагољ, што ја направи за „Ројтерс“ за време на престојот во камповите на мјанмарските бегалци во Бангладеш, а на која се гледа лик на мртво момче чии очи се прекриени со лисја.