АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вчера ја повика меѓународната заедница да биде свесна за својата одговорност во Сирија поради нападот кој престои во Идлиб, пренесува Anadolu Agency (AA).
Турскиот претседател во статијата што ја напиша за дневниот американски весник „Волстрит журнал“ (The Wall Street Journal), даде оценка за последните случувања во северозападната сириска област Идлиб и позицијата на Турција во врска со тоа прашање.
„Сите членови на меѓународната заедница мора да ја разберат својата одговорност во пресрет на нападот во Идлиб. Последиците од недејствувањето се огромни“, изјави Ердоган во статијата насловена „The World Must Stop Assad“’ (Светот мора да го запре Асад).
Ердоган изјави дека сирискиот народ не може да се остави на милост на режимот на Башар ал Асад.
„Нападот на режимот во Идлиб, исто така, би создал сериозни хуманитарни и безбедносни ризици за Турција, остатокот од Европа и пошироко“, додаде тој.
Тој се осврна и на кривичните дела на режимот, како што се произволни апсења, систематска тортура, краткотрајни егзекуции, барел бомби, хемиско и конвенционално оружје, кои седум години беа извршувани врз сирискиот народ.
„Како резултат на сириската Граѓанска војна, која Советот за човекови права на ОН ја нарече најлоша катастрофа предизвикана од човекот, од Втората светска војна, милиони невини луѓе станаа бегалци или се внатрешно раселени“, рече тој.
Тој, исто така, се осврна на улогата на Турција во заштитата на сирискиот народ, која е домаќин на најголемиот број бегалци во светот, 3,5 милиони.
Ердоган рече дека и покрај тоа што е цел на терористичките организации ДЕАШ и ПКК, Турција не се откажала од помошта за Сиријците.
„Ние ја донесовме сириската опозиција на преговарачка маса во Женева и го започнавме процесот во Астана заедно со Русија и Иран“, изјави тој, додавајќи дека Турција успеала да посредува во прекинот на огнот, да создаде зони без судири и да ги евакуира цивилите од областите во кои режимот врши напади.
- „Режимот на Асад ќе започне голема офанзива“ -
Ердоган предупреди дека режимот на Асад се подготвува да започне голема офанзива врз Идлиб, каде што живеат околу 3 милиони луѓе и кој претставува едно од засолништата за внатрешно раселените Сиријци.
„Во обид да го спречи нападот, мојата Влада придонесе за создавање зона без судири и воспостави 12 места за набљудување, документирање и пријавување на прекршувањата на прекинот на огнот“, изјави тој.
Нагласувајќи дека сирискиот режим се обидува да го легитимизира можната офанзива под изговор за борба против тероризмот, Ердоган изјави дека ниту една земја неможе повеќе од Турција да ја вреднува потребата од борбата против тероризмот, бидејќи Турција беше цел на терористички напади по започнувањето на конфликтот во Сирија.
Ердоган изјави дека САД, кои се фокусирани на хемиските напади од страна на режимот на Асад, треба да ја отфрлат својата произволна хиерархија на смрт.
„Конвенционалното оружје е одговорно за повеќето смртни случаи“, изјави тој.
Тој нагласи дека запирањето на следното крвопролевање во Сирија не е само обврска на Западот, туку партнерите на Турција во мировниот процес во Астана, Русија и Иран, се исто така одговорни за спречување на хуманитарната катастрофа.
Ердоган повика на „посеопфатна меѓународна антитерористичка операција“ за искоренување на терористите и екстремистите во Идлиб, нагласувајќи дека одредени терористички групи биле активни во оваа област.
„Идлиб е последен излез пред патарината. Доколку меѓународната заедница, вклучувајќи ги и Европа и САД, не успеат да преземат дејство сега, не само невините Сиријци, туку целиот свет ќе ја плати цената“, нагласи Ердоган додавајќи:
„Турција направи сè што е во нејзина моќ за да го запре крвопролевањето во соседството. За да бидеме сигурни дека сме успеале, остатокот од светот мора да го остави настрана својот личен интерес и да се залага за политичко решение“, изјави тој.
Сирискиот режим неодамна објави план за започнување голема воена офанзива во подрачјето на Идлиб, кое долго време е под контрола на различни вооружени опозициски групи.
ОН минатата недела предупредија дека таквата офанзива ќе ја предизвика најголемата хуманитарна катастрофа во 21 век.
Лоциран во близина на турската граница, Идлиб е дом на повеќе од 3 милиони Сиријци, од кои многу дојдоа од другите градови по нападите од страна на режимските сили.
Во петокот, турскиот претседател Ердоган за време на трилатералниот самит во Техеран со неговиот ирански колега, Хасан Рохани, и рускиот колега, Владимир Путин, повика на прекин на огнот во Идлиб.