Mustafa Yıldırım
11 Септември 2018•Ажурирај: 11 Септември 2018
ИЗМИР (АА) - Во подрачјето Дикили, во областа Измир, фатени се најмалку 52 непријавени мигранти кои по илегален пат се обиделе да преминат на грчкиот остров Лезбос, јавува Andolu Agency (AA).
Екипите на турската крајбрежна стража забележале чамец со поголем број мигранти во близина на брегот на Измир.
Крајбрежната стража интервенираше и фати најмалку 52 непријавени мигранти, меѓу кои 10 од Средноафриканска Република, девет од Сирија, по осум од Габон и Авганистан, шестмина од Ирак и од Того, тројца од Гана и двајца од Палестина.
Меѓу непријавените мигранти имало 17 деца и 15 жени.
Странците се предадени на надлежната Дирекција за управување со мигранти.