Турција

Во организација на АА и ТИКА започна обука за известување на полето на енергетиката

Двонеделната едукација ќе ја водат експерти од Министерството за енергетика на Турција, Регулаторната агенција за енергетски пазар, професори од турските универзитети, уредниците на АА...

Gülşen Çağatay  | 08.04.2019 - Обновена : 09.04.2019
Во организација на АА и ТИКА започна обука за известување на полето на енергетиката

АНКАРА (АА) - Група од 20 новинари од повеќе земји започна денеска со обуката за известување од полето на енергетиката, организирана од Anadolu Agency (AA) и Турската агенција за меѓународна соработка и координација (ТИКА).

Двонеделната едукација ќе ја водат експерти од Министерството за енергетика на Турција, Регулаторната агенција за енергетски пазар, професори од турските универзитети, експерти од „Турскиот тек“ и уредниците на АА од дескот за енергетика.

Едукацијата за техниките на известување од областа на енергетиката, за енергетските политики, правилниците и законите, како и за безбедноста и движењата на глобалниот пазар, ќе ја поминат новинари од Молдавија, Албанија, Грузија, Авганистан, Украина, Казахстан, Египет, Србија, Јужен Судан и Венецуела.

Вршителот на должноста координатор на Новинарската академија на АА, Хајри Четинкуш, ја истакна важноста на едукацијата во врска со известувањето од областа на енергетиката.

Андреина Марија Триаго Акоста, новинарка од Венецуела, во име на учесниците се заблагодари на Anadolu Agency (AA) и на ТИКА поради, како што рече, значајната едукација за кариерата на секој новинар.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın