Турција

Турција: Примопредавање на должности во Агенција Анадолија

На церемонијата на примопредавање на должноста присуствуваа претседателот на Управниот одбор и генералниот директор на АА, Сердар Караѓоз, како и други претставници

Orhan Onur Gemici  | 16.04.2021 - Обновена : 18.04.2021
Турција: Примопредавање на должности во Агенција Анадолија

АНКАРА (АА) - Заменик-генералниот директор и главен уредник на Агенција Анадолија (АА), Метин Мутаноглу, денеска ја предаде должноста на Јусуф Озхан, додека местото заменик-генерален директор од Мустафа Озкаја го презеде Огуз Енис Перу.

На церемонијата на примопредавање на должноста, која е одржана во зградата на Генералната дирекција на Агенција Анадолија во Анкара, присуствуваа претседателот на Управниот одбор и генералниот директор на АА, Сердар Караѓоз, како и други претставници.

Караѓоз во таа пригода на Мутаноглу и Озкаја им врачи плакета и благодарница за нивната работа и придонес на АА.

„Со додатни напори и сила ја водиме агенцијата напред за да напредува и понатаму. Процесот кој е започнат во рамките на стратегијата на интернационализација на агенцијата, ќе се обидеме додатно да го интензивираме“, изјави Караѓоз, кој на почетокот на април, должноста генерален директор на АА ја презеде од Шенол Казанџи.

Тој истакна дека ја преземаат должноста во АА, која, како што изјави, во сите аспекти на своето дејствување е силна новинска агенција.

„Ја преземаме агенцијата која брзо напредува во поглед на институционализација и во која јасно се воспоставени механизмите и структурата на работа. Среќен сум поради тоа. Преземаме добра, динамична агенција. Нашата главна мисија ќе биде и понатаму да напредуваме“, додаде тој.

Јусуф Озхан му се заблагодари на Мутаноглу на неговата досегашна работа и придонес на АА.

Мутаноглу, исто така, на новоименуваните колеги им посака многу среќа и успеси на новите должности.

Огуз Енис Перу изјави дека АА е голема новинска агенција и дека верува дека успешно ќе ги извршува новите должности.

Мустафа Озкаја посака многу успеси на новата управа на АА, додавајќи дека е сигурен дека успешно ќе работи со успешен тим.

Агенција Анадолија е основана пред 101 година. Ја основа основачот на модерната Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк.

Покрај Сервисот на турски јазик, во рамките на глобалната мрежа на АА дејствуваат и сервисите на англиски, арапски, руски, БХС-јазиците, македонски, албански, персиски, два дијалекти на курдски, шпански, индонезиски и на француски јазик.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın