Hilal Uştuk
06 Ноември 2017•Ажурирај: 17 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Утре во Истанбул ќе биде отворен 5. Меѓународен босфорски филмски фестивал (5th International Bosphorus Film Festival), чиј медиумски партнер е Anadolu Agency (AA).
Претседателот на фестивалот, Огун Шанлиер, се заблагодари за поддршката за фестивалот од страна на Канцеларијата за кинематографија при Министерството за култура и туризам на Турција, Министерството за млади и спорт на Турција, од градот Истанбул, од Anadolu Agency (AA), државната телевизија ТРТ и од Turkish Airlines (Туркиш ерлајнс), и од сите останати.
Шанлиер истакна дека сигурно чекорат по патот оваа манифестација да стане една од најзначајните домашни и меѓународни манифестации во светот на кинематографијата.
„Многу сме многу горди што во Истанбул сме домаќини на значајни и избрани имиња како од домашната, така и од странската кинематографија“, рече Шанлиер.
Тој додаде дека е подготвена богата програма која се состои од работилници, панели и интервјуа.
„Пристигнаа 3.462 филмови од 120 земји. Ќе бидат прикажани вкупно 107 филмови од 39 земји, од Бразил до Индија, од Иран во Киргистан“, изјави Шанлиер кој додаде дека гости на програмата ќе бидат истакнати имиња од областа на кинематографијата како Бела Тар, Боби Рот и многу други.
Тој додаде дека со секторот „Долг марш“ (A Long March) се има за цел преку кинематографијата да се поттикне на размислување и да се даде осврт кон присилните миграции и проблемот со бегалците.
Директорот на фестивалот, Булент Тургут, истакна дека овогодишната програма е полна со новитети.
Во категоријата национален долгометражен филм ќе бидат доделени неколку награди, меѓу кои за најдобар долгометражен национален филм (околу 23.000 евра), за најдобра актерка (околу 3.300 евра) и за најдобар актер (околу 3.300 евра).
Претседател на жирито во оваа категорија е режисерот Дервиш Заим.
Претседателката на жирито во категоријата меѓународен долгометражен филм е наградуваната режисерка од БиХ Аида Бегиќ. Во оваа категорија се наоѓаат десет филмови. Најдобриот филм ќе добие награда во вредност од 50.000 лири (околу 11.000 евра).
Фестивалот ќе го отвори филмот „Suburbicon“ на Џорџ Клуни.
Главната координаторка на фестивалот, Ирем Шентурк, истакна дека фестивалот има вкупно 15 дела и дека ќе бидат прикажани 43 долгометражни и 64 краткометражни филмови од 39 земји.