Nuğman Göktaş
06 Ноември 2017•Ажурирај: 07 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Учениците, членови на Младинскиот општински одбор во Кахраманказан го спроведуваат проектот „Го вреднуваме старото, го развеселуваме новото”, во чии рамки три стари автобуси ќе бидат претворени во мобилни библиотеки, јавува Anadolu Agency (AA).
Учениците планираат да ги претворат во мобилни библиотеки три автобуси што општината веќе не ги користи. Во овој проект, поддршка на учениците им дадоа и вработените во општината, со што се планира проектот да биде завршен за краток временски период.

Градоначалникот Локман Ертурк за новинарите изјави дека Кахраманказан ќе биде раководен од сите делови на заедницата, вклучувајќи ги учениците и децата.
Во врска проектот за мобилна библиотека, градоначалникот Ертурк истакна дека целата идеја започнала со идејата за вреднување на старото и додаде:
„Нашите млади го истакнаа проблемот со недоволното читање книги, и рекоа: 'Зошто еден стар автобус да не го претвориме во мобилна библиотека?'. Во инвентарот на општината има стари автобуси кои се користеле во минатото. Од тие три стари автобуси, благодарение на нашите архитекти за дизајн на ентериер и општинскиот технички персонал, ќе изработиме три убави мобилни библиотеки со голем простор. Благодарение на инвентивноста на нашите ученици, мобилните библиотеки ќе ги обиколат сите места во нашата општина“.