Mümin Altaş
26 Февруари 2017•Ажурирај: 27 Февруари 2017
КАХРАМАНКАЗАН (АА) – Претседателот на АК партија и премиер на Турција, Бинали Јилдирим, на митингот во Кахраманказан изјави: „Со новиот Устав, организацијата ФЕТО, сепаратистичката организација ПКК и ДЕАШ ќе бидат исчистени од Турција. Турција ќе се спаси од живеење со тероризмот и појасно ќе ја гледа својата иднина” , јавува Anadolu Agency (AA).
Премирот на Турција Јилдирим, во градот Кахраманказан го започна својот прв митинг за престојниот референдум за уставни промени во Турција, истакнувајќи дека жителите на овој град дале голем придонес во борбата против пучистите, кои на 15 јули се обидоа да извршат државен удар. Премиерот Јилдирим рече дека 8.000 граѓани на Кахраманказан достоинствено и гордо се спротивставиле, опкружувајќи ја базата Акинџи, во која беа припадниците на ФЕТО.
Премиерот Јилдирим истакна дека жителите на Кахраманказан ги запалиле своите житни полиња, сиот свој годишен труд со цел да не им се овозможи полетување на авионите од базата Акинџи.
„Вие бевте првите цивили кои се солидаризиравте во борбата против пучистите, вие бевте првите кои го започнаа отпорот. Вие бевте и првите кои со трактори ги блокиравте влезовите во базата Акинџи. Затоа првиот митинг започна од вашиот град”, им се обрати на жителите на Кахраманказан премиерот Јилдирим.
- „ПКК се чувствува збиена во ќоше, збеснува” -
Во своето обраќање во Кахраманказан, премиерот Јилридим рече:
„Дали сте подготвени на 16 април гласајќи за уставните измени, за навек да го избришеме менталитетот на пучитите од 15 јули. Дали сте подготвени? Народот е нашата сила, а нашиот избор е да. Кога лидерот на ФЕТО во Пенсилванија го слуша ова ваше „да”, полудува, тешко му е. Кога сепаратистичката терористичка организација ПКК ќе го чуе ова ваше „да”, се чувствува збиена во ќоше, збеснува, бидејќи си велат: ,Ни останаа уште 48 дена, народот ќе оди на референдум, ќе гласа и ќе ни ја скрои судбината'. Со новиот Устав Турција ќе биде прочистена од ФЕТО и ПКК и земјата повеќе нема да живее со тероризмот. Турција појасно ќе ја види својата иднина. На небото нема да има авиони кои фрлаат бомби. Нема да ги има пучистите кои ќе ги одвојат младите од нивните животи. Младите ќе работат за подобра иднина на оваа земја”, порача Јилдирим.
Премиерот Јилдирим рече дека гласајќи „Да”, му се става крај на тероризмот, тоа ќе ја зацврсти Турција и на децата и на младите ќе им подари посветла иднина.
- „Пучистите исчезнаа, народот извојува победа” -
Јилдирим потсети дека народот воопшто не ја загубиле довербата во нив и на 15 јули, на повикот на претседателот Реџеп Таип Ердоган, милиони ги исполнија плоштадите.
„Нашите граѓани се одзваа на повикот и со прикажаниот став ги растераа пучистите, а народот издвојува победа. Сега на хоризонтот, во блиска иднина се надѕира нова победа. Ние искрено веруваме дека народот гласајќи ‘Да’ ќе ја извојува таа победа. Знаеме дека нашиот народ ниту еднаш нè нема оставено сами”, рече премиерот Јилдирим.
Премиерот и претседател на АК партијата истакна дека од основањето, АК партијата се среќавала со голем број проблеми и бариери, но секогаш успевала да ги надмине благодарение на народот, својот сопатник, кој им ја давал потребната поддршка кога тоа било потребно.
„Патот на народот е наш пат”, истакна премиерот Јилдирим.