?????
05 Ноември 2015•Ажурирај: 06 Ноември 2015
АНКАРА (АА) – Вредноста на турската лира нагло порасна во однос на американскиот долар по вчерашната победа на Партијата на правдата и развојот (АК Партија) на парламентарните избори во Турција, јавува Anadoly Agency (AA).
Пазарот на обврзници и девизи позитивно реагираше на информацијата дека АК Партија ќе биде во состојба самостојно да формира нова Влада на Турција.
Турската лира во петокот на пазарот вредеше 2.88 во однос на доларот, за да веќе во понеделникот наутро нејзината вредност скокна на 2.83. Политичката несигурност во земјата предизвика пад на лирата на вредност од околу 3 за долар, пред парламентарните избори.
Предизборните анкети доведоа до предвидувањата дека АК Партија нема да биде во можност самостојно да формира Влада, како што се случи по изборите одржани во јуни оваа година. Преговорите со евентуалните коалициони партнери не беа успешни, па претседателот Реџеп Таип Ердоган повика на предвремени избори.
„Турската лира сега ќе има еден од своите најсилни периоди. Овие избори ќе го окончаат периодот на транзиција во Турција и би требало да донесат значајно јакнење на економијата во земјата “, напиша Валерија Бедник, аналитичарка на FXStreet.
Според прелиминарните резултати, по пребројувањето на сите гласови, АК Партија освои убедлива победа освојувајќи 49,48 проценти од гласовите, односно 317 пратенички места во парламентот кој има 550 места.