Hatice Özdemir
23 Јули 2016•Ажурирај: 24 Јули 2016
АНКАРА (АА) - „Нашиот народ и демократија се посилни по 15 јули. Она што го спречи ударот е и голема поука на оние кои би се одлучиле на таков непромислен чекор” , се наведува во соопштението на турската Партија за правда и развој (АК партија), јавува Anadolu Agency (AA).
Во седиштето на Партијата на чело со претседателот на партијата и премиерот Бинали Јилдирим, одржан е состанок на кој се разговараше за обидот за државен удар кои го извршија воените лица лојални на терористичката организација Фетулахчи.
Во напишаното соопштение на извршниот одбор на партијата се наведува дека таа ноќ, Турција преживеала еден од најсериозните случувања во својата историја и дека сведочела на крвавиот и неуспешен обид за државен удар.
Се наведува дека внатре турските вооружени сили (ТСК) лојални на терористичката организација ФЕТО и нејзините лојални лица, покренале бунт и обид за државен удар на турскиот народ, неговата волја, демократски избраниот претседател, Реџеп Таип Ердоган, законската влада и домородните припадници на безбедносни сили.
„Сите сме свесни на претходните удари и секој од нив нанесе штета на нашата држава. Но неуспешниот обид за државен удар кој се случи на 15 јули е поразличен од претходните удари. Терористите во униформи кои платите ги добиваат од државниот буџет вперија оружје кон народот на непријателски начин”, се наведува во соопштението на партијата.
За ова случување во соопштението е користен правен термин „ предавство на државата и народот”.
Во соопштението се наведува дека народот кој на повик на претседателот Ердоган и премиерот Јилдирим, излезе на улиците да го заштити правото на суверенитетот, застана пред тенковите, воените авиони и хеликоптерите и го спречи овој опасен обид.
„Целта на пучистите е прегазена пред неочекувана постапка на народот. Волјата на народот ја победи силата на тенковите”, порачано е во соопштението на Партијата за правда и развој.
„Петнаессети јули е победа на демократијата. Таа победа е на целиот народ, на сите нас, а не на делата или партиите. Тоа што владеачките и опозициските партии беа обединети против пучистите, на целиот свет му го покажа нивото на демократската зрелост до која дојде политиката на нашата земја. Стекнатото искуство ќе биде наследство на идните генерации. Никогаш нема да биде заборавено она што се случи. Петнаессети јули ќе се одбележува како Ден на жртвите”, се наведува во соопштението во кое е додадено и дека пучистите се предадени пред лицето на правдата.
Покрај тоа, во соопштението стои потсетување на серијата на акции на апсењата насочени против терористичката организација ФЕТО. „ Иако обидот за државен удар е завршен неуспешно, опасност и заканите сеуште не се исчезнати. Продолжени се дежурствата за демократија на нашиот народ. Дежурствата за демократија се исклучително важни се додека опасноста и заканите не бидат во потполност отстранети. Непреспиените ноќи се за идните генерации да можат мирно да спијат”, порачано е во соопштението.
Исто така додадено е и тоа дека предавничките војници би можеле да имаат нови провокации насочени кон единството на народот и стабиноста, поради што е исклучително важно народот да биде обединет.
„Наскоро ќе бидат остранети трагите кои по обидот на удар се оставени на сите полиња, меѓу кои се наоѓа и економијата. Со преземање на неопходни чекори ќе го продолжиме нашиот пат. Нашата основна цел е во најкраток рок во потполност да се отстрани опасноста и закана со која се соочуваме”, се наведува во соопштението во која се потсетува дека е воведена вонредна состојба во траење од три месеци која ја одобри и Големото народно собрание на Турција (ТБММ).
Во истото соопштение за 15 јули поради отпорот на народот користен е изразот „Празник за демократијата”.