?????
05 Ноември 2015•Ажурирај: 06 Ноември 2015
Српскиот вицепремиер и министер за трговија, туризам и телекомуникации, Расим Љајиќ, и претседателот на Високиот Совет за туризам и културно наследство на Саудиска Арабија, принцот Султан бин Салман Бин Абдулазиз Ал Сауд, потпишаа меморандум за соработка во областа на туризмот, кој е првиот потпишан меѓудржавен договор помеѓу Србија и Саудиска Арабија, пренесува Anadolu Agency (AA).
"Долги години, Србија и Кралството на Саудиска Арабија немаа воспоставено никакви дипломатски односи, а вакви односи не беа воспоставени ниту во поранешна Југославија бидејќи Саудиска Арабија немаше дипломатски односи со поранешните комунистички земји", рече Љајиќ во обраќањето пред новинарите.
- Дипломатските односи од 2013 година –
Тој додаде дека по многу години Србија во 2013 година успеа да воспостави дипломатски односи помеѓу двете земји, а подоцна Србија отвори амбасада во Ријад, а наскоро се очекува Саудиска Арабија да отвори своја амбасада во Белград.
"По контактите што ги имавме со претставниците од Саудиска Арабија, го потпишуваме првиот договор во областа на туризмот, со цел да се привлечат повеќе туристи од Саудиска Арабија во нашата земја, да ги претставиме туристичките и другите потенцијали на големиот пазар на Саудиска Арабија и истовремено да се направи повик за сите инвеститори да инвестираат во српската економија ", рече Љајиќ.
Тој рече дека оваа посета сигурно ќе биде темел на идните економски и политички односи помеѓу двете земји.
"Би сакал да кажам дека ние не даваме големи и нереални очекувања, така што ова е посета која е поставување на темелите за идните политички и економски односи. Никој овде не дојде за да купи или продаде нешто. "
Љајиќ додаде дека интересот на Србија е да продолжи со реформите и да го затвори процесот на приватизација во целост и "таму каде што има можност да се претстави пред потенцијалните инвеститори да го стори тоа, но не би сакал да се создаде слика дека оваа посета е наменета само за да продадеме некои бањи и хотели. "
"Ние заедно со БиХ ќе настапиме на пазарот на Саудиска Арабија и на овој начин ќе ја покажеме нашата желба да се воспостави целосна регионална стабилност, да соработуваме со сите земји од нашето соседство и на тој начин да се зголемат шансите за доаѓањето на голем број туристи во регионот, а со тоа и поголем број на инвеститори и инвестиции во наредниот период ", рече Љајиќ.
Претседателот на Високиот Совет за туризам и културно наследство на Саудиска Арабија, принцот Султан бин Салман Бин Абдулазиз Ал Сауд, рече дека договорот треба во иднина да ја подобри соработката меѓу двете земји.
"Ние Србија ја гледаме како многу значаен и клучен партнер на Балканот, како и во целата меѓународна заедница. На овој начин, увидовме дека е можно да се убрза нашата идна соработка на заедничка основа. Исто така, создадовме услови за нашите деловни луѓе, грашани и туристи при посетата на Србија. Се согласивме да се организира и заедничка посета на граѓаните на БиХ и очекуваме дека тоа ќе се реализира", изјави саудискиот принц Султан.
Осврнувајќи се на денешните разговори со српскиот премиер Александар Вучиќ, тој изјави дека разговарале за зајакнување на односите, пред сè, во економската и политичката област.
- Поддршка за членство на Косово во УНЕСКО –
Одговарајќи на прашањето во врска со членството на Косово во УНЕСКО, со огкед на тоа што Саудиска Арабија го поддржа предлогот на Албанија, принцот Султан изјави дека тие прашања не се во надлежност на неговото министерство, но дека денеска на таа тема разговарал со премиерот Вучиќ и со потпретседателот Љајиќ.
Кралството на Саудиска Арабија цврсто сто на ставот дека треба да се сочуваат и заштитат културните наследства на сите народи во светот.
Кралството на Саудиска Арабија донесе нов закон кој ја покрива оваа област , така што со својата политика кон културното наследство, ние се уште цврсто стоиме на страната на УНЕСКО, а наскоро ќе бидат вметнати некои нови места на листата на наследство, кои припаѓаат секому. Ние ја поддржуваме политиката на зачувување и заштита на културните традиции, без оглед на која нација или религија припаѓаат", вели принцот Султан бин Салман Бин Абдулазиз Ал Сауд.