Emrah Yaşar
11 Август 2016•Ажурирај: 12 Август 2016
ЕСКИШЕХИР (АА) - „Бидејќи веќе излезе на виделина предавството што оваа терористичка организација го направи на својата држава и народ, цврсто верувам дека турскиот народ во Македонија и македонскиот народ нема да ја поддржуваат оваа крвава организација“, рече пратеникот на Партијата АК во Ескишехир и почесниот конзул на Македонија, Харун Караџан, јавува Anadolu Agency (AA).
На прес-конференцијата во својата канцеларија во Ескишехир, Караџан истакна дека терористичката организација ФЕТО ја земала за цел народната волја и организирала обид за државен удар – таа се раширила речиси во сите држави и управува со мрежа што опфаќа стотици институции.
„Институциите и компаниите коишто се познати по тоа што имаат блиски односи со ФЕТО, спроведуваат активности, како прво, во Македонија, па Албанија, Босна и во повеќе други балкански земји. Покрај тоа, терористичката организација се обидува да навлезе и во јавните институции“.
Караџан посочи дека ФЕТО има 7 училишта во Македонија, 12 во Албанија, 5 во Косово, 15 во Босна и едно во Србија.
„Ова отворено покажува дека борбата со оваа крвава организација трае и надвор од Турција. Една од тие држави е пријателската и братска држава Македонија, во која ја вршам функцијата на почесен конзул. За жал, ФЕТО, исто како во нашата држава (Турција), и во Македонија формирала сериозна организациска мрежа. Исто како во Турција, и овде ги мами луѓето користејќи ги нивните верски чувства и веќе со години ова го претвора во пари. Ја имам преземено одговорноста да ги известам (опоменам) за крвавата организација нашите граѓани што живеат во Македонија и нашите сонародници. Во ситуација сум да ги опоменам турските граѓани што живеат во Македонија и македонскиот народ да не веруваат во оваа организација. Тие што во рамките на добрите намери имаат врски со терористичката организација, веднаш да ги прекинат врските со неа и колку што е можно да бидат подалеку од оваа терористичка организација, којашто нема добри намери. Бидејќи веќе излезе на виделина предавството што оваа терористичка организација го направи на својата држава и народ, цврсто верувам дека турскиот народ во Македонија и македонскиот народ нема да ја поддржуваат оваа крвава организација“.
Караџан нагласи дека треба да се стави крај на сите активности на ФЕТО што се од областа на образованието, транспортот, трговијата, здравјето и туризмот, бидејќи, како што рече, „знаеме дека кога и да е, оваа структура ќе биде несреќа за сите држави. Исто како во другите држави, и во Македонија треба да се затворат сите училишта коишто се поврзани со ФЕТО. Потребно е невините деца што посетуваат настава во нив, да не бидат извалкани со оваа грда дамка што може да ги чини живот и треба колку што е можно побрзо да се запре нивното оштетување. Веруваме дека македонската Влада ќе покаже чувствителност кон оваа тема и ќе го направи потребното“.