İlker Girit
03 Јануари 2018•Ажурирај: 03 Јануари 2018
КУДС (АА) - Во текот на минатата година 16 од 55 израелски војници кои починале, извршиле самоубиство, се наведува во извештајот кој се заснова на воената статистика, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во автомобилски несреќи загинале 12 војници, девет во пријателски оган, додека преостанатите починале од болест, во напади на палестинските милитанти и несреќи во касарните, се наведува во извештајот „Channel 12“, кој се повикува на воената статистика.
Во 2016 година почина 41 израелски војник, од кои 15 изршиле самоубиство. Од израелската војска тврдат дека бројот на самоубиства паднал за 50 отсто во однос на периодот од почетокот на 21 век. Меѓутоа, вкупниот број на смртни случаи се зголеми за 30 отсто.