Mustafa Keleş
01 Јануари 2017•Ажурирај: 02 Јануари 2017
ЊУЈОРК (АА) - Околу еден милион луѓе во Њујорк под високи мерки за безбедност ја дочекаа 2017 година, со надеж дека ќе биде подобра од претходната, јавува Anadolu Agency (AA).
Поради терористичките напади во Франција и Германија, оваа година дополнително се зајакнати безбедносните мерки, а за безбедноста на присутните на плоштадот Тајмс се грижеа околу 7.000 припадници на силите за безбедност.
На Тајмс Сквер, секоја година „најлудата вечер“ на отворено ја поминуваат голем број на луѓе кои доаѓаат во "Црвеното јаболко" од сите делови на земјата, но и светот.
Покрај 2016 година, од Њујорк се прости и генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Бан Ки-мун, на чие место дојде Антонио Гутереш.
Бан со градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, го притисна копчето за спуштање на кристалната топка, која е симбол на прославите на Тајмс Сквер.
На полноќ, присутните со конфети и огномет се збогуваа со 2016 година и посакаа новата година да биде подобра од претходната.
Гутереш посака 2017 година да биде година на мирот.