Turgut Alp Boyraz
12 Декември 2016•Ажурирај: 13 Декември 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската армија уапси 15 Палестинци на Западниот Брег, јавува Anadolu Agency (АА).
Во соопштението на израелската војска се наведува дека израелската војска и полиција извршила претрес на куќите во одредени делови на Западниот Брег. Во акциите извршени во местата Џенин, Силвад, Бејт Сера и Дура, приведени се 15 Палестинци, меѓу кои и три лица за кои се тврди дека се припадници на Хамас. Во соопштението не се наведуваат причините за приведувањето.
Израелските сили често вршат претреси во куќи на територијата на Западниот Брег и источен Ерусалим кои се под нивна контрола и по основ на разни тврдења приведуваат Палестинци.