Ekipa
12 Декември 2016•Ажурирај: 13 Декември 2016
ПЕКИНГ (АА) - Кинеските претставници изразија сериозна загриженост во врска со неодамнешните изјави на идниот претседател на САД, Доналд Трамп, дека ќе размисли за американските односи со Тајван, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Генг Шуанг, денес изјави дека коментарите на Трамп во телевизиското интервју во текот на викендот ја зголемиле можноста односите меѓу Кина и САД сериозно да бидат нарушени.
Генг рече дека политиката „една Кина“ била политичка основа на сите американско-кинески односи.
САД односите со Тајпеј ги заменија со Пекинг во 1979 година. Кина го смета Тајван за составен дел од нејзината територија и секоја врска со владата на Тајван се смета за тешка навреда.
Трамп, во неделата, на ТВ-каналот „Фокс“ рече дека тој не е врзан за политиката „една Кина“, освен ако со Кина не се направи договор што ќе се однесува и на други работи, како трговијата.