Ekipa
04 Јули 2016•Ажурирај: 05 Јули 2016
РАМАЛАХ (АА) - Четрири палестински момчиња се ранети утрово во судир со израелските воени сили за време на уривање на два палестински станбени објекти на Западниот брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Оваа информација ја потврди директорот на палестинската болница во Рамалах Ахмад Битави, истакнувајќи дека едно од момчињата е во критична состојба.
Израелската војска од друга страна се огласи со соопштение во кое тврди дека нејзините припадници на безбедносните сили во бегалскиот камп Куаланда, ги уривале куќите на двајца Палестинци кои во декември минатата година со нож изболе, а потоа и убиле двајца Израелци недалеку од Ерусалим. Во истиот напад израелските војници ги убиле двајцата напаѓачи.
Во утринскиот инцидент, наведува војската, момчињата отвориле оган на војниците за време на уривањето на куќите, на што Израелците возвратиле.
Западниот брег со години е место на судири меѓу Палестинците и Израелците, каде често се случуваат насилства кои завршуваат со смртни последици.