Özüm Yalkın
22 Јуни 2016•Ажурирај: 22 Јуни 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската војска синоќа соопшти дека во окупираниот дел на Западниот Брег отворила оган, при што „по грешка“ бил убиен млад Палестинец, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на израелската војска се вели дека во окупираниот Западен Брег, во близина на градот Рамала „група Палестинци со камења и молотов коктел нападнале израелско возило при што тројца Израелци се полесно повредени."
На местото на настанот дошла израелската војска, која отворила оган. Од истрелите на израелските војници, едно лице го загубило животот, додека четворица се повредени. Во изјавата се вели дека „групата Палестинци немала ништо заедничко со нападот на израелското возило, случајно поминувале покрај местото на настанот".
Претставник на израелската војска на дописникот на АА му соопшти дека е „отворена истрага во врска со настанот. Засега не е преземена акција против ниту еден војник“.