Kaamil Ahmed
21 Септември 2016•Ажурирај: 22 Септември 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Изралеските војници пукаа во едно палестинско девојче на контролен пункт на Западниот Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на палестинското Министерство за здравство, војниците пукале во 13-годишното девојче откако тоа одбило да застане на контролниот пункт Елијаху, на северниот дел од Западниот Брег.
Девојчето наводно носело торба.
Палестинската новинска агенција Шехаб објави ифотографија на која девојчето клечи на колена пред војниците, пред тие да пукаат во неа.
Исто така, вчера израелските војници на контролниот пункт убија и 16-годишен Палестинец, Е. Турајрех.
Од октомври минатата година, израелските безбедносни сили убија повеќе од 200 Палестинци. Во истиот период смртно настрадаа и 35 Израелци.