Ekipa
16 Ноември 2016•Ажурирај: 16 Ноември 2016
НАБЛУС (АА) - Во судирите во Наблус и Рамала во Палестина загина една жена, а беа повредени пет лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот на Наблус, Екрем Ер-Реџуб потврди дека вооружени лица пукале на зградата во која е сместена канцеларијата на гувернерот и тогаш дошло до судир меѓу припадниците на безбедносните сили и неидентификуваните лица.
Притоа, како што рече тој, загина Хилда Ел-Eста (39), а беа повредени три лица. Конфликтот меѓу израелските војници и Палестинците се случи во Рамала, а повредени се двајца Палестинци. За време на конфликтот беа уапсени две лица.
Според податоците на здравствените работници, во конфликтот во Рамала, со гумени куршуми беа погодени двајца Палестинци на кои им е укажана медицинска помош.