Kristina Maslareviç
21 Март 2016•Ажурирај: 21 Март 2016
БЕЛГРАД (АА) - Околу 12:30 часот, во центарот на Белград, во слаткарница која некогаш беше во сопственост на поранешниот министер Братислав Петковиќ, непознат маж се разнесе со бомба, јавува Anadolu Agency (AA).
"Еден непознат маж влезе во слаткарницата и активира рачна граната во 12:38 часот. На место на настанот се наоѓа полициската екипа и екипата за итна медициснака помош. Други повредени нема", рече српскиот министер за внатрешни работи.
Поранешниот министер за култура и советник на премиерот за култура, а сега претседател на Музејот на наука и технологија, Братислав Петковиќ, живее во зградата во близина.
Во непосредна близина има банка, две пекари, месара, неколку локали за брза храна, аптека и пазар.
Сообраќајот на оваа фреквентна улица кај слаткарницата е блокиран.
Според извештаите на медиумите, еден човек влегол во пекарата, покажал бомба, ги избркал сите надвор, а потоа ја активирал експлозивна направа. Стаклата на слаткарницата не беа уништени, а според неофицијални информации, човекот пред експлозијата легнал на бомбата.