Betül Yürük
03 Јануари 2018•Ажурирај: 03 Јануари 2018
ЊУЈОРК (AA) - Ники Хејли, американската амбасадорка во Обединетите нации (ОН) изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) ќе бараат одржување на итна седница на Советот на безбедност на ОН на која ќе се расправа за протестите во Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
Хејли на конференцијата за медиуми одржана во седиштето на ОН, рече дека иранскиот народ излегол на улиците за да му се спротивстави на државниот режим.
„Народот храбро излезе на улиците за да протестира против репресијата на власта", рече американската амбасадорка во ОН.
Додаде дека протестите во Иран, како што рече, не ги насочуваат надворешните сили туку дека народот самоиницијативно излегол на улиците.
„Ја поддржуваме големата храброст на иранскиот народ", рече Хејли, додавајќи дека иранските власти во минатото го убивале сопствениот народ.
Повтори дека САД се решителни да повикаат на одржување на итна седница на Советот за безбедност на ОН на која се се расправа за протестите во таа земја.
Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер порача дека САД внимателно ги следат случувањата во Иран.
„Луѓето во Иран конечно станаа против бруталниот и корумпираниот ирански режим", наведе Трамп.
Додаде дека парите кои неговиот претходник Барак Обама ги донираше на Иран завршиле во рацете на терористите.
„Сите пари кои поранешниот претседател Обама неразумно им ги даде се вложени во тероризам и нивните џепови. Луѓето имаат малку храна, голема инфлација и немаат човекови права. САД Ве набљудува! “, напиша американскиот претседател.
Незадоволни од економската ситуација во Иран, демонстрантите во градот Мешхед протестираа во четврток, а протестите бргу добија антивладин карактер и се проширија и на другите градови на таа земја.
Според официјалните информации, до сега во нередите на улиците на иранските градови загинаа најмалку 23 лица, а приведени се најмалку 500 лица.