Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
02 Јануари 2018•Ажурирај: 03 Јануари 2018
ИДЛИБ (AA) - Во воздушен напад на селото Хан ес Субул, кое се наоѓа во неконфликтната зона во Идлиб во Сирија, загинаа седум цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Мустафа Хај Јусуф, начелник на Цивилната заштита на Идлиб, за АА ја потврди информацијата за воздушниот напад.
Потврди дека во нападот загинале најмалку седум цивили, меѓу кои се наоѓаат пет деца.
Додаде дека се ранети 15 цивили, од кои повеќето се деца и жени.
„Мислиме дека нападот го изведоа руските воени авиони", рече Јусуф и додаде дека екипите на Цивилната заштита веднаш по нападот покренале истрага за преживеаните.
Изрази стравување дека бројот на жртвите би можел да расте.