Fuat Kabakçı
01 Јануари 2017•Ажурирај: 02 Јануари 2017
ТОКИО (АА) - Со спектакуларни огномети и прослави на отворено на Источна земјите на источна Азија како што се Кина, Јапонија, Индонезија, Малезија и Тајланд ја испратија старата 2016 година и ја дочекаа новата 2017 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Јапонија, голем број граѓани излегоа на плоштадот пред кулата во Токио, каде што во воздухот се пуштени стотици балони со новогодишни желби.
Овој обичај е карактеристичен за Далечниот Исток. Ако балонот не падне на земјата, туку отиде далеку се верува дека желбата ќе се исполни.
Индонезијците старата година ја испратија со огномет над храмот Прамбанан во Јогјакарта, а низ целата земја со пригодна програма беше организиран дочек на отворено. Граѓаните исто така имаа можност да го видат големиот огномет над стариот дел на градот во Џакарта.
Како и секоја година, главниот настан за дочекот на Нова Година, со голем огномет, беше организиран во кулите Петронас во главниот град на Малезија, Куала Лумпур.
Во кинескиот Шенжен отворен е фестивалот на светлината на кој се изложени бројни животински фигури од кинескиот календар.
Иако Кинеската нова година е на 28 јануари, Кинезите веќе започнаа со прославата. Според кинескиот лунарен календар, 2017 е година на петелот. Новата 2017 година ширум земјата беше пречекана со огномет и со традиционалната кинеска ламба.