Betül Yürük
31 Декември 2016•Ажурирај: 01 Јануари 2017
ЊУЈОРК (AA) – Советот за безбедност на Обединетите нации едногласно ја усвои резолуцијата со која се одобрува напорот на Русија и Турција да ги запрат судирите во Сирија и да ги забрзаат политичките преговори на режимот и опозицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во резолуцијата, исто така, се повикува на „брз, сигурен и непречен"пристап на доставување на хуманитарната помош на територијата на цела Сирија.
Резолуцијата би требала кон крајот на јануари да доведе до средба на претставниците на сириската влада и сирската опозиција во Астана, главнот град на Казахстан што би требало да биде важен дел од сирискиот политички процес под покровителство на Обединетите нации".
Русија и Турција, кои посредуваа во постигнување на договорот за прекин на огнот, го испратија текстот на нацртот на резолуцијата на членовите на Советот на безбедност во четвртокот вечерта.
По затворената расправа, рускиот амбасадор во ОН Витали Чуркин во оптек го даде и ревидираниот текст и повика на гласање во сабота, а членовите на Советот на безбедност ги повика да го поддржат.
Прекинот на огнот на подрачјето на цела Сирија стапи на сила на 30 декември по локално време.
Целта е тој план да се примени во сите сириски региони каде се водат судири помеѓу опозициската војска и силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, односно сојузниците на режимот. Од ова примирје иземени се терористичките организации.