????? ????
20 Декември 2015•Ажурирај: 21 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Декорацијата на градот е завршена и Скопје е подготвено да ја пречека Новата година под рефлекцијата на поставената светлина. Главната елка на плоштадот Македонија е долга 18 метри и е осветлена со 50 илјади светилки, 250 флеш осветлувањњ и 60 различни фигури.
Освен главниот плоштад каде според традицијата се одржува традиционалната манифестација за дочек на Новата година, која кулминира со огномет и помалите плоштади и улици на главниот македонски град се украсени во духот на новогодинешните празници, што претставува вистинска атракција за голем број граѓани кои со фотографирање ги регистрираат овие импресивни погледи на нивните мобилни телефони.
Во последниве години стана традиција и декорирањето на приватните куќи бидејќи веќе постои и традиционалниот натпревар „Новогодишни бои на Скопје" , конкурс во организација на градската управа, со која се мотиваат жителите на главниот град да ги украсуваат своите домови и канцеларии и со тоа да придонесат за разубавувањето на празничиот амбиент на градот.
Најдобрите декорации ќе бидат наградени.