Amina Zorniç
06 Декември 2016•Ажурирај: 06 Декември 2016
МОСКВА (AA) - Фоторепортерот на Anadolu Agency (AA) синоќа во центарот на Москва го забележа првиот снег оваа сезона, кој во руската престолнина ја најави познатата руска зима.
Снегулките и ниските температури не им пречеа на граѓаните и на туристите кои се фотографираа на московскиот Црвен плоштад, симболот на градот кој поради својата архитектура се смета за најубав плоштад на Европа.
За време на зимскиот период особено доаѓа до израз мавзолејот на Ленин и катедралата Св. Василиј благословен со своите кули, кои во зимските ноќи се посебно осветлени и украсени.