Besar Ademi
31 Декември 2015•Ажурирај: 31 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје започна прославувањето на Новата година. Празничната програма започна со пристигнувањето на Дедо Мраз на градскиот плоштад со и театарска претстава за деца и млади, јавува Anadolu Agency (AA).
Во организација на Град Скопје на Триумфалната порта "Македонија" пристигна Дедо Мраз.Во придружба на многу деца, со пајтон и детскиот воз се упати кон градскиот плоштад каде што се започна пригодна новогодишна програма за деца и млади.
Централната манифестација за дочек на Новата година ќе се одржи вечерва градскиот плоштад, каде граѓаните ќе ги забавува познатиот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ и македонската поп пејачка Тамара Тодевска, а на полноќ небото ќе блесне од сјајот на огнометот.
Главниот град е украсен со декоративни елементи и специјални ефекти кои ја доловуваат новогодишната атмосфера. На плоштадот е поставена и украсената елка, висока 18 метри.