Alma Çekovic
26 Декември 2015•Ажурирај: 28 Декември 2015
ПАРИЗ (АА) - Јавниот дочек на Новата Година во Париз ќе се организира и покрај вонредната сосотојба по неодамнешните терористички напади, но овојпат без спектакуларниот огномет и екстраваганција која овој град го прави еден од најатрактивните светски дестинации во ова време на годината, јавува Anadolu Agency (AA).
Новогодишниот дочек на париските булевари и на најпознатата авенија во светот, Шанзелизе, ќе биде организиран без огномет и под зголмени мерки на безбедност, најавија париските власти.
"Одлучивме да ја дочекаме Новата Година на рефлективен и трезвен начин", изјави градоначалничката на Париз Ан Хидалго, за францускиот неделник "Le Journal du Dimanche".
"Организирањето на забавата е знак дека нема да попуштиме по нападите во Париз", истакна Хидалго.
Поради стравот дека би можел да предизвика паника, нема да се организира огномет.
Одлуката уследи по повеќедневното разгледување на ситуацијата, од страна на париската полиција и Министерството за внатрешни работи на Франција, поради вонредната состојба која е прогласена во оваа земја, по координираните терористички напади на неколку локации во Париз, во кои настрадаа 130 лица а неколку стотици беа повредени.
Прославата на новогодишната ноќ ќе претставува најголемото случување по смртоносните терористички напади.