Amina Zorniç
21 Декември 2015•Ажурирај: 21 Декември 2015
САРАЕВО (АА) - Лист хартија со ноти и белешки кое своерачно ги напишал славниот германски композитор Лудвиг ван Бетовен, е продаден на аукција за 100.000 долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Стручниот проценител Брендон Рајан хартијата за пронашол при посета на една куќа во градот Гринич во американската сојузна држава Конетикат. Рајан тврди дека го препознал ракописот на познатиот германски композитор, пренесува "The Guardian".
Дека станува збор за автентично парче потврди и Кармело Комбериати, Рајанов професор од факултетот на кој ги изучувал Бетовеновите ракописи
Според зборовите на професорот, листот хартија е дел од бележник на Бетовен од 1811 година.
"Бетовен ги пишуваше своите идеи. Кај најголемиот број композитори сме наоѓале само краен производ, а остаокот од хартиите ги фрлале. Бетовен не фрлал ништо од она што го запишувал. Го пронајдовме неговиот блок за пишување, листот којшто недостасува е пронајден", рече Комбериати.
Бетовен, најверојатно е роден на 16-ти декември 1770 година, а се смета за еден од најголемите композитори на сите времиња.