Serhat Bağbars
09 Април 2018•Ажурирај: 10 Април 2018
ТОКИО (АА) - Фудбалската репрезентација на Јапонија го смени тренерот од Босна и Херцеговина, Вахид Халилхоџиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Фудбалската федерација на Јапонија, Козо Ташима, истакна дека имале проблеми во комуникацијата со Халилхоџиќ, и дека донеле одлука за ставање крај на соработката со него поради губењето на довербата помеѓу босанскиот тренер и играчите.
За нов тренер на фудбалската репрезентација на Јапонија е назначен Јапонецот Акира Нишино.
На Светското првенство, Јапонија се наоѓа во групата Х заедно со Полска, Колумбија и Сенегал.
На местото тренер, шеесет и петгодишниот Халиловиќ дојде во 2015 година.