Bakir Tiro
28 Декември 2017•Ажурирај: 28 Декември 2017
ТОРИНО (АА) - Миралем Пјаниќ (27), фудбалскиот репрезентативец на Босна и Херцеговина, го напушти утринскиот тренинг на Јувентус во Виново поради повреда на десната нога, јавува Anadolu Agency (AA).
Детални лекарски прегледи Пјаниќ ќе има утре, кога ќе биде познато дали тренерот Масимилиано Алегри ќе може да смета на еден од најдобрите играчи на денешницата во првиот натпревар со Верона, соопштија од Фудбалскиот клуб Јувентус.
Натпреварот од 19. коло во Серијата А помеѓу Верона и Јувентус ќе се одигра во сабота, 30 декември.
По 18 одиграни кола, Јувентус е втор на табелата со 45 поени, еден помалку од лидерот Наполи. Верона е последна 19-та со само 13 поени.