Mutlu Demirtaştan
14 Февруари 2018•Ажурирај: 15 Февруари 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Во кошаркарската Лига на шампионите, ФИБА, извлечени се паровите од осминафиналните натпревари, јавува Anadolu Agency (AA).
Осминафиналните натпревари од Лига на шампионите, ФИБА ќе се одиграат на 6 и 7 март, додека реванш средбите се закажани за 13 и 14 март.
Паровите од осминафиналните натпревари во Лигата на шампионите се следните:
ПАОК (Грција)- Пинар Каршијака (Турција)
Нантер 92 (Франција) - Банвит (Турција)
АЕК (Грција) - КК Нимвурк (Чешка)
ЕВЕ Баскетс (Германија) -МХП Рајзен (Германија)
Стелмет Зиелона Гора (Полска) - Монако (Франција)
Меди Бајројт (Германија) - Бешикташ Сомпо Јапан (Турција)
УКАМ Мурсија (Шпанија) - Иберостар Тенерифе (Шпанија)
Нептунас (Литванија) - Стразбург (Франција)
- Четврт-финалните натпревари -
Победникот од натпреварот Нантер 92 (Франција) - Банвит (Турција) во четвртфиналето ќе игра против победникот од натпреварот меѓу Стелмет Зиелона Гора - Монако.
Победникот од натпреварот ПАОК (Грција) - Пинар Каршијака (Турција), во четвртфиналето ќе се сретне со победникот од натпреварот меѓу УКАМ Мурсија-Иберистар Тенерифе.
Победникот од натпреварот АЕК (Грција) - КК Нимвурк (Чешка), во четвртфиналето ќе се сретне со победникот од натпреварот меѓу Нептунас (Литванија) - Стразбург (Франција).
Победникот од натпреварот Меди Бајројт (Германија) - Бешикташ Сомпо Јапан (Турција), во четвртфиналето ќе се сретне со победникот од натпреварот меѓу ЕВЕ Баскетс (Германија) - МХП Рајзен (Германија).
Четвртфиналните натпревари се закажани за 27-28 март и 3-4 април.